Барате лесен начин за вашите малечки да јадат блитва, спанаќ или ќељ? Ова е совршениот рецепт. Толку е вкусен и толку хранлив што ќе го подготвувате повторно и повторно.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 2 порции
Време за подготовка: 2 минути
Време за готвење: 10 минути
СОСТОЈКИ
одприлика 2l. вода
150g. шпагети,
8 листови блитва
2 чешниња лук
~ 30g. рендан пармезан
~30g. фета (опција)
1 лажичка маслиново масло
1 лажица лимонов сок
1 лажица сол
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
За да го подготвите овој рецепт почнете со зовривање на водата и посолување.
Штом зоврие водата, потопете ги во неа шпагетите.
Гответе околу 3 минути, па додадете го лукот (само лупен, цели чешниња нема потреба да се сецка) во водата и варете уште 2 минути.
Додадете ги и листовите блитва, варете уште 3 минути, потоа листовите заедно со лукот извадете ги од водата.
Лукот и блитвата изблендирајте ги со маслото, лимоновиот сок и пармезанот.
Исцедете ги сварените шпагети и измешајте со подготвениот сос од лук и блитва.
Сервирајте додека е топло со малку трошки фета сирење. Уживајте!
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.