Здрави Tater Tots

Здрави Tater Tots

Да се направи закуска која ќе биде и вкусна и здрава е вистински предизвик, но овој рецепт е исклучок од правилото. Полни хранливи состојки, лесни за подготовка и превкусни залакчиња. Кој не би ги сакал?

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 35-40 парчиња 

Време за подготовка: 10 минути

Време за готвење: 20 минути

Време за печење: 20 минути

СОСТОЈКИ

  • 2 моркова
  • 1/2 главица брокула
  • 2 слатки компири
  • 1/2 шоља лебни трошки
  •  1 свежо јајце
  • 1/2 шоља растително масло
  • 1/3 шоља рендан пармезан 
  • 1 лажичка сув босилек
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка црн бибер

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Загрејте ја рерната на 200 C/400F. 
  • Почнете со подготовка на зеленчуците: изрендајте ги мирковите, ситно исецкајте ја брокулата 
  • Излупете и сварете ги слатките компири, но не целосно, оставете нека биде малку тешко да се продре во средината. Мене ми беа потребни околу 20 минути.
  • Грубо изгмечете ги компирите и додадете ги останатите состојки во нив. 
  • Мешајте и штом сите состојки се сооединат, поделете ја смесата на мали парчиња и обликувајте ги со рака.
  • Легнете ги малите залакчиња на тепсија обложена со хартија за печење и печете ги околу 20 минути, додека не добија убава златна боја. 
  • Не заборавајте, на пола печење да ги превртите од другата страна, за рамномерно да се испечат од двете страни.
  • Послужете ги допли со вашиот омилен сос. 

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu