За сите оние кои превртуваат очи кога ќе се спомна зелени посни супи, овој рецепт е баш за вас. Супа полна со хранливи состојки и богат вкус, не треба да ми верувате, пробајте и уверете се сами!
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 8 порции
Време за подготовка: 10 минути
Време за готвење: 10 минути
СОСТОЈКИ
1 глава брокула (~200g.)
1 грст спанаќ
1 грст магдонос
1 кромид
1 компир
1l. вода
1 коцка бујон
1 мажичка сув босилек
1 лажичка свежо изрендан ѓумбир
1 лажица маслиново масло
1 лажица сусамов таан
сол и бибер по вкус
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
За да ја приготвите оваа супа започнете со запржување на ситно исецкан кромид во маслиново масло.
Штом омекне кромидот додадете ги босилекот и ѓумбирот. Мешајте за вкосовите да навлезат во маслото.
Додадете ја водата, коцката бујон, компирот, стеблото од брокулата исецкано на парчиња. Штом водата зоврие, намалете ја температурата и оставете да се вари на тивок оган неколку минути.
Додадете ја останатата брокула, спанаќот, магдоносот, таанот и зачините и оставете да крчка уште десетина минути на тивок оган.
Тргнете од оган и блендирајте додека не ја добиете посакуваната конзистенција. Послужете ја топла.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.