Слатка, крцкава, здрава и превкусна! Совршена за парфеа со овошје, врз салати, сладолед или сама за себе како идеа за ужина. Овој рецепт за домашна гранола е полн со хранливи состојки, лесен за подготовка и може да се чува во замрзнувач неколку месеци.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: одприлика 20 порции
Време за подготовка: 10 минути
Време за печење: 20 минути
СОСТОЈКИ
- 1 шоља овесни снегулки
- 1 шоља јаткасти плодови, по ваш избор
- 1 ½ шоља семиња
- 1/3 шоља растително масло
- 1/4 шоља чиа семе
- 1/4 шоља мелено ленено семе
- 1 шоља суво овошје по ваш избор
- 1/2 шоља мед
- 2 лажици какао
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка цимет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
- Започнете со загревање на рерната на 150C /300F.
- Измешајте ги освесните снегулки, јатките и семињата во голем сад.
- Истурете го маслото и медот, додадете го какаото, солта и циметот за да се нагласи вкусот на состојките
- Штом се измешаат префрлете во тава за печење прекриена со хартија за печење. Распоредете ја гранолата низ целата површина за рамномерно да се пече.
- Печете 10 минути на 150С, потоа извадете ја, измешајте и вратете во рерната уште 10 минути.
- Откако ќе се испече, додадете ги чиа семето и меленото ленено семе.
- Додадете суво овошје за уште подобар вкус, текстура и хранливост. Измешајте се заедно.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу