За мене

Готвењето е супер, споделувањето уште подобро!

Здраво и добредојдовте! Јас сум Николина, готвачот и снимателот на сите Go Delicious рецепти.

За мене, готвењето претставува уживање во секојдневието. Јас сакам да размислувам за рецепти, да читам за рецепти, да зборувам за рецепти… јасно ви е! Не се плашам да учам од искуство, за повеќето рецепти кои сум ги научила било потребно серија од пресолени, недопечени, преводести или едноставно неуспешни обиди.

Преку грешките учиме и стануваме подобри! И се така додека еден ден не спремиме рецепт кој е не само убав на изглед туку и прсти да излижеш превкусен! Тогаш сме горди и полни со радост. И пак, тоа не е најдобриот дел.

Најдобриот дел, за мене е кога ги гледам пријателите и семејството како јадат, се смеат, уживаат, споделуваат парчиња, си подаваат чинии, зборуваат со полна уста, одѕвонуваат со чашите, наздравуваат за животот и спомените. Ваквите моменти се скапоцени за мене. Уживам во нив како да е последното парче чоколадна торта во мојот живот. Секој пат, за момент застанувам и помислувам: мајко моја, немав идеја дека готвењето и споделувањето можат да ни донесат толку вредни моменти во животот!

Да останеме во контакт и да продолжиме да споделуваме!

ДА ОСТАНЕМЕ

ВО КОНТАКТ!

Close Menu