Традиционална тава со телешко месо

Традиционална тава со телешко месо

Ова е рецепт кон кој се навраќам често кога се во прашање семејни ручеци и многу гости. Единствениот рецепт за кој би била пријатно изненадена доколку остане нешто од ручекот. Многу е лесно да го прилагодите рецептот зависно од бројот на порции кои ви се потребни и зависно од состојките кои ги имате при рака. Се додека во најголем дел го следите рецептот, на крај ќе добиете вкусна традиционална тава.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 20 порции

Време за подготовка: 20 минути

Време на печење: 2 часа

СОСТОЈКИ

  • 1kg. телешко месо
  • 2 главици кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 моркови
  • 3 компири
  • 2 чешниња лук
  • 400g. печурки
  • 1 конзерва домати (~400g.) 
  • 2 шољи вода
  • 4 лажици растително масло

Зачини:

  • 2 – 3 ловорови листа
  • 1 лажичка рузмарин
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажица црвена пипер
  • 1 лажица брашно
  • 1 коцка бујон
  • сол и бибер по вкус

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Најпрво исечете го месото на парчиња со големина на јајце и исецкајте го зеленчукот на крупни парчиња.
  • Започнете со пропржување на месото во загреана тава со малку масло. Доволни се неколку минути додека малку да добие боја, а потоа извадете го од тавата. 
  • На истото масло, додадете ги зеленчуците еден по еден – кромид, морков, пиперка, компири, печурки.
  • Штом сите зеленчуци ќе омекнат, додадете ги доматите и зачините и оставете да крчка околу 10 минути на тивок оган само колку сите состојки да се соединат.
  • Вратете го месото во тавата, покријте го и ставете во рерна да се пече на 190 С, одприлика два часа.
  • За тоа време месото ќе биде добро зготвено.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu