Традиционален сутлијаш

Традиционален сутлијаш

На многумина, не само кај нас, туку и секаде низ светот, асоцијација за класичен семеен десерт им е сутлијаш. Има многу причини зошто го сакаме овој десерт – кремава текстура, суптилна благост, мирис на цимет…

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 4 порции

Време за подготовка: 10 минути

Време за готвење: 20 минути

СОСТОЈКИ

  • 180 g./1 шоља ориз, измиен 
  • 250 ml./4 шољи млеко
  • 100 g./1/2 шољи шеќер
  • 1 лажица ванила
  • малку цимет
  • малку мускантно оревче

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Започнете со миење на оризот. Најдобро е да се мие под млаз ладна вода, минута две се додека водата која истекува не стане биста.  
  • Во подлабок сад ставете го оризот да отстои во млекото околу 10 минути, а потоа содржината претурете ја во големо тенџере. 
  • Додадете го шеќерот и ванилата. 
  • На тивом оган, варете го оризот околу 20 минути, мешајќи често за да не ви се залепи за дното.
  • За тие кои сакаат ладен сутлијаш, подобро да го прекинат готвењето 5 минути порано, кога сутлијашот е уште течен, бидејќи како се лади така ќе станува погуст. 

За повеќе детали околу тоа како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu