Топчињата со јатки и семиња се одлична ужина кога брзате или кога ви треба малку енергија. Рецептот за овие топчиња е добар избор кога ви се јаде нешто што е и вкусно и здраво. Овие топчиња се полни со хранливи состојки, слатки, крцкави и многу лесни за подготовка.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: одприлика 40 топчиња
Време за подготовка: 10 минути
Време за ладење: 30 минути
СОСТОЈКИ
150 g. бадеми
50 g. овесни снегулки
100 g. кикирики
120 g. мешани семиња (сончогледово, ленено и семки од тиква)
25 g. чиа семе
100 g. мелени бисквити
100 g. суво грозје
130 g. путер од кикирики
100 g. искиснати урми без семка
1 лажица мед
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
За подготовка едноставно сомелете ги сите јаткасти плодови и семиња во процесор.
Потоа додадете им го путерот од кикирики, урмите и медот за да се соединат јатките и семињата.
Штом се добро се измеша, оставете да отстои во фрижидер околу 30 минути.
Од смесата направете топчиња околу 3см големи. Уживајте!
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.