Топчиња со фстаци и брусница

Топчиња со фстаци и брусница

Здравата и вкусна комбинација на фстаци и сува брусница ги прави овие топчиња одличен избор за попладневна ужина, ужина пред или после вежбање или едноставно причина да за момент уживаш во вкусни топчиња без чувство на вина, подготвени дома. Фактот дека се многу лесни за подготовка е бонус. Во моето семејство исчезнуваат толку бргу што секогаш правам двојна доза, а половината ја замрзнувам. Така замрзнати може да се користат во рок и до три месеци.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: одприлика 30 топчиња

Спремно за: 15 минути

СОСТОЈКИ

  • 1 шоља/100g. фстаци
  • 1 шоља/100g. сува брусница
  • 60 g. бело чоколадо
  • 50 g. накиснати урми без семка (околу 8 урми)

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Грубо искршете ги фстаците и исецкајте ја брусницата. Мене ми се подобри кога не се премногу ситни. 
  • Исецкајте го чоколадото или користете мини чипс од бело чоколадо.
  • Накиснете ги урмите без семки околу пет минути во вода, а потоа кратко изблендирајте ги во блендер, додека не добијат конзистентност како згмечена банана.
  • Измешајте ги сите состојки заедно и од мешавината формирајте топки одприлика 2-4 см широки. Уживајте!

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu