Летото е одлично за кремави, лесни за подготовка, рецепти кои не се печат, а овој тарт со маскарпоне и лимон е совршен избор за десерт со вкус на лето. Во суштина е прелесен рецепт кој не може да се згреши, со превкусна комбинација на состојки.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 9
Време за подготовка: 10 минути
Време за ладење: еден час
СОСТОЈКИ
за кората:
- 200g. бисквити
- 100g. несолен путер (стопен)
за кремот од маскарпоне:
- 200ml. шлаг
- 250g. сирење маскарпоне
за кремот од лимон:
- 3 жолчки
- 1 цело јајце
- 120ml./1/2 шоња лимонов сок (тазе исцеден)
- 25g./1/4 шоља шеќер
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- За да го подготвите тартот, почнете со кршење на бисквитите додека не добиете ситни трошки. Колку поситни, подобро.
- Додајте го стопениот путер и притиснете ја смесата во сад за печење тарт.
- Чувајте го во фрижидер околу еден час да се излади и здрви, во тоа време подгответе го кремот од лимон и кремот од маскарпоне.
- За да го подготвите кремот од лимон, измешајте ги сите состојки во огноотпорен сад поставен врз тенџере во кое врие вода, но внимавајте огнот да не е пресилен. Мешајте со маталка се додека не се спојат убаво и кремот не се згусти и стане сјаен, густ и кремав.
- Поминете го кремот низ сито, покријте со пластична фолија и ставете го во фрижидер да отстои се додека не ви е потребен за користење. Многу е важно пластичната фолија да ја допира површината на кремот, во спротивно ќе се создаде кора.
- За маскарпоне кремот, најпрво изматете го шлаг кремот, потоа додадете го маскарпонето и матете ги заедно уште минута две.
- Штом се соединат двете состојки, изладете го кратко, и ќе бидете подготвени за комбинирање на трите елементи.
- Наполнете ја оладената кора од бисквити, со маскарпоне крем и украсете со кремот од лимон.
- Доколку сакате кремав десерт послужете веднаш, но може и да го изладите за да добите конзистенција како на сладолед. Уживајте!
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.