Супа од печурки со рузмарин

Супа од печурки со рузмарин

Кремава, со прекрасна арома на рузмарин, но пред се здрава и вкусна! Совршена за оние денови кога ви треба малку топлина и комфорт. Овој рецепт на супа од печурки со рузмарин е лесна за подготовка, потребни се само неколку состојки. Таа е одличен оброк не само за возрасни туку и за деца кои учат да ја сакаат вистинската домашна храна.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 4 порции

Време за подготовка: 5 минути

Време за готвење: 20 минути

СОСТОЈКИ

  • 1 кромид
  • 2 моркова
  • 300g. печурки
  • 2 компири
  • 1l. вода
  • 1 коцка бујон
  • неколку гранчиња рузмарин
  • растително масло
  • парче путер
  • сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

  • Започнете со запржување на кромидот, морковите, печурките и компирите исецкани на ситни парчиња, во големо тенџере со неколку лажици растително масло и парче путер.
  • Откако зеленчукот ќе омекне додаваме вода и коцка бујон
  • Направете мал букет од гранчињата рузмарин, врзете ги со конец и ставете и во водата.
  • Почекајте супата да зоврие, потоа намалете го огнот, покријте го тенџерето со капак и оставете да крчка околу 20 минути се додека компирите не се сварени и лесно можете да ги прободите со вилушка. 
  • Кога супата е сварена, отстранете го рузмаринот. Моите гранчиња беа млади, па голем дел од игличките рузмарин останаа во супата, тоа не е проблем ако сакате ароматична супа. Доколку преферирате супа со суптилна арома на рузмарин, тогаш отстранете ги и игличките заедно со стеблата рузмарин.
  • Блендирајте ја супата со рачен блендер се додека не ја добиете густината и текстурата која ја преферирате. Имајте на ум дека како се лади, така ќе станува и погуста и покремава.
  • Послужете ја со вашите омилени додатоци за супа. Уживајте!

За повеќе детали околу тоа како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu