Супа со црвена леќа и моркови

Супа со црвена леќа и моркови

Оваа супа со црвена леќа и моркови е најдобриот рецепт за да ги убедите луѓето околу вас да јадат здрава и посна храна. Полна е со убави вкусови, слатка и кремава. Со задоволство ја споделувам со сите вас.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 3 порции

Време за подготовка: 15 минути

Време за готвење: 20 минути

СОСТОЈКИ

  • ~150 g./3/4 шољи сува црвена леќа
  • 1 кормид (јас користев црвен) 
  • 2-3 моркови
  • 2 компири
  • 1 главица лук
  • 1 шоља доматен сос
  • 1l. вода 
  • 1 коцка бујон
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажичка куркума
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка црн бибер
  • 2 лажички суво нане
  • неколку лажици масло

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • За да го подготвите овој рецепт, почнете со пропржување на кромидот на малку масло, а потоа една по една додавајте ги останатите состојки, оставајќи барем една минута за секоја состојка да се соедини пред да додадете друга.
  • Додавајте ги први морковите, потоа компирите, лукот, леќата, потоа зачините за да можат да го ароматизираат маслото пред да се додадат течните состојки (доматниот сос и водата). Јас користев домашен доматен сос, но како замена можете да користите и конзерва со домати или свежи домати, доколку им е сезона. Едноставно користете што имате при рака.
  • Штом зоврие супата, намалете го огинот и на тивко варете околу 20 минути.
  • Додадете сол и бибер на крај на варењето кога леќата е скоро готова.
  • Изблендирајте со рачен блендер за да добиете кремава конзистенција. Послужете со уште малку суво нане. Уживајте!

За повеќе детали како да го подготвите рецептот, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu