Крцкава, здрава и вкусна! Искрено не се потребни многу насоки за тоа како да креирате нешто толку убаво, нутритивно и вкусно – само следете ги вкусевите на медитеранот!
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 2 порции
Време за подготовка: 5 минути
СОСТОЈКИ
ЗА САЛАТАТА
2 грста марула салата
2 л. суви домати (околу 15 парчиња)
грст лешници
1л. струготини од пармезан
ЗА ПРЕЛИВОТ
1 л. рендан пармезан
2 прстофати суво оригано
3 л. јаболков оцет
3 л. сок од лимон
5 л. маслиново масло
сол, бибер, буковец
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
За да ја направите оваа салата се што треба е да ги измешате сите вкусни состојки во голем сад за салата. Моја препорака е да ја прелиете со медитеранскиот прелив.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.