Салата со портокал, брусница и сирење

Салата со портокал, брусница и сирење

Оваа е една од најосвежителните салати! Интересната комбинација (барем за мене) на состојки направија вистински вкусна салата. Се надевам ќе ви се допадне!

ЗА РЕЦЕПТОТ

 

 Порции: 2 порции

Време за подготовка: 5 минути

СОСТОЈКИ

ЗА САЛАТАТА
  • листови од марула
  • мало парче бело сирење, иситнето
  • грст сува брусница
  • пола портокал, исецкан на мали делови
  • прстофат сусам
ЗА ПРЕЛИВОТ
  • 1/2 чаша павлака
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажичка мед
  • сок од пола портокал

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

 

  • Многу лесно ќе ја направите оваа салата. Започнете со листовите марула и на нив додадете ги останатите состојки. Прелијте со освежувачкиот прелив од јогурт и куркума и уживајте!
За повеќе детали, погледнете го видеото подолу!

Напишете коментар

Close Menu