Салата од печено цвекло

Салата од печено цвекло

Оваа салата од печено цвекло е одличен избор кога посакувате нешто топло и вкусно, но сепак би сакале тоа да е и здрава опција. Сите сме виновни за игнорирање на коренестиот зеленчук од време на време, затоа задолжително треба да имаме вакви рецепти кои се едноставни, здрави и вкусни.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 2 порции

Време за подготовка: 3 минути

Време за печење: 30 минути

СОСТОЈКИ

  • 2 свежи цвекла со средна големина
  • 2-3 лажици павлака
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица балсамико оцет
  • 2 лажички суво оригано
  • сол и бибер по вкус
  • малку магдонос

НАСОКИ НА ПОДГОТОВКА

  • Загрејте ја рерната на 200C.
  • Исечете го зеленчукот на мали парчиња.
  • Испрскајте го цвеклото со сите зачини и убаво промешајте. 
  • Префрлете ги така спремените парчиња цвекло на тава за печење (најдобро е да биде обложена со хартија за печење)
  • Печете околу половина час.
  • Послужете со павлака и сецкан магдонос. 

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu