Ризото со печурки, со причина е популарно јадење насекаде низ светот. Кремаво и вкусно, ризото со печурки од одличен избор за оброк во било кој период од годината. Ова е еден од моите омилени рецепти.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 2 порции
Време за подготовка: 10 минути
Време за готвење: 20 минути
СОСТОЈКИ
- 1 бел кромид (ситно сецкан)
- 1 морков (изрендан)
- 1/2 шоља ориз за ризото
- 1/2 шоља печурки
- 1/2 l. супа
- 1 лажичка сув босилек
- сол и бибер по вкус
- 1/4 шоља пармезан
- парче путер
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- Започнете со пропржување на кромидот и морковот на мало парче растопен путер.
- Штом омекнат, додадете го прво оризот, кратко потоа и печурките и зачинете.
- Доколку користите сув вргањ, истиот треба претходно да го потопите во топла вода барем пет минути пред да ги додадете во ризотото.
- Штом состојките добро ќе се измешаат, почнете да додавате по една црпалка лажица супа. По секоја додадена лажица супа, мешајте и чекајте додека течноста целосно не се впие во оризот пред да додадете друга лажица супа.
- Многу е важно супата да биде многу жешка за да не се прекинува процесот на готвење. Повторувајте ја оваа постапка се додека оризот не биде целосно сварен.
- Доколку користите сув вргањ како мене, искористете ја и водата во која се рехидрираа печурките, таа е полна со вкус на вргањ, би било штета да ја фрлите.
- Неколку минути пред крајот на готвењето додадете го пармезанот. Мене ми беа потребни околу 20 минути готвење на тивок оган за да ја добијам посакуваната густина и кремавост на јадењето.
- Послужете го топло и уживајте!
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.