Ризото со јагоди

Ризото со јагоди

Свежи јагоди во солени јадења? Малку е нетрадиционално, но верувајте ми, вкусно! Луѓето обично помислуваат дека станува збор за десерт од кој сме направиле солена варијанта, но не, нема ни трошка вкус на десерт во овој рецепт, само убаво избалансирани вкусови. Плус, се спрема за многу кратко време, како да не ви се допадне?

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 1 порција

Време на подготовка: неколку минути

Време на готвење: 20 минути

СОСТОЈКИ

  • 1/2 шоља ориз
  • 1/2 шоља јагоди
  • 1/2 ситно исецкан кромид 
  • ~800 ml. бујон
  • малку сол
  • 2 лажици растително масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

  • За да го подготвите ова ризото, најпрво запржете го на тивок оган кромидот со малку растително масло. Штом кромидот омекне додадете го оризот, оставете една минута да се пропржи и почнете со додавање малку по малку од топлиот бујон. Може ако сакате наместо бујон да користите бело вино, но јас одлучив овој пат да користам бујон.
  • Мешајте често додека течноста речиси целосно не се впие во оризот, па додадете уште малку од течноста. Важно е бујот да биде топол во текот на готвењето за да не ја намалува температурата во тавата штом се додаде врз оризот.
  • Континуирано мешајте и додавајте од бујонот се додека оризот не е скоро сварен. Во тој момент додадете ги исецканите свежи јагоди и продолжете да го готвите ризотото се додека оризот не биде целосно сварен и кремаст.
  • Целиот процес трае околи 20 минути.
  • Послужете со неколку свежи јагоди и неколку капки балсамико оцет. Уживајте!

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу!

Напишете коментар

Close Menu