Рибини плескавици со ослиќ

Рибини плескавици со ослиќ

Многупати најскромните состојки ги прават најдобрите рецепти и во однос на вкус и во однос на хранливост. Овој рецепт е инспириран од насекаде достапна, оддржлива риба со прифатлива цена – ослиќ.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 8 плескавици

Време на подготовка: 10 минути

Време на готвење: 10 минути

СОСТОЈКИ

  • 1 ослиќ
  • 1 парче сув леб
  • 2 чешниња лук 
  • 1 гранче рузмарин
  • китка магдонос
  • 1 јајце 
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 коцка бујон
  • 1l. вода
  • маслку масло

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Подготовката на овој рецепт е многу едноставна. Најпрво многу кратко варење на рибата во солена вода, не подолго од 10 минути. Во водата додадете бибер и коцка бујон за зачините да навлезат во месото на рибата.
  • Ставете ги лебот, рузмаринот, лукот и лажица масло во сечко и направете лебни трошки.
  • Кога е спремна рибата, извадете ги коските и исецкајте грубо. 
  • Додадете сецкан магдонос, јајце, зачинетите трошки.
  • Измешајте ги сите состојки, формирајте плескавици и запржете ги на двете страни во тава со малку масло.il.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu