Риба со домати и маслинки

Риба со домати и маслинки

Сум слушнала дека состојките кои растат заедно, одат добро заедно! Ова сигурно важи за рибата – најдобрите рецепти со риба секогаш вклучуваат состојки кои се карактеристични за крајбрежно поднебја. Пробајте ги вкусовите на медитеранот како домати, маслинки, кромид и магдонос во комбинација со риба и веднаш ќе сфатите за што ви зборувам.

ЗА РЕЦЕПТОТ

 

Порции: 1 порција

Време за подготовка: 5 минути

Време за печење: 15 минути

СОСТОЈКИ

  • пола риба филета
  • мало кромитче, исецкано на тенки кругови
  • мало доматче исецкано на коцки
  • неколку црни маслинки без семка
  • сок од пола лимон
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол по вкус
  • грст исецкан магдонос (и босилек добро би одговарал)
  • парче путер

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

 

  • Врз еден лист на хартија за печење ставете ги круговите кромид, потоа коцките домат и маслинките. Внимавајте целото купче со состојки да не зафаќа поголем простор од една дланка. 
  • Зачинете со лимонов сок, масло и сол. 
  • Врз зеленчукот ставете ја рибата и покрај неа магдоносот.  Завршете со парче путер – сакаме путерот да се стопи и да ја прелие рибата. 
  • Завиткајте ги рибата и зенечукот во пакетче од хартијата за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Времето на печење зависи од дебелината на рибата и од тоа колку крупно е насецкан зеленчукот.  
За повеќе детали погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu