Риба со брокула и карфиол

Риба со брокула и карфиол

Здравата исхрана е цел на секој од нас и таа секогаш започнува со брокула и карфиол. Денес имам за вас одличен рецепт, брз, лесен, хранлив и вкусен. Уживајте!

ЗА РЕЦЕПТОТ

 

 Порции: 1 порција

Време за подготовка: 5 минути

Време за печење: 15 минути

СОСТОЈКИ

  • половина филета од бела рибаt (ослиќ, панга, било која)
  • малку брокула и карфиол
  • еден или повеќе листа блитва (може и спанаќ)
  • 2 лажици масло (маслиново или сончогледово)
  • зачини – сол, црн бибер и буковец
  • парче путер
  • луто црвено пиперче
  • 1 лимон (сокот и неколку парчиња за декорација)

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

 

  • Врз еден лист на хартија за печење ставете ја блитвата, па останатите состојки наредете ги врз неа, внимавајќи целото купче со состојки да не зафаќа поголем простор од една дланка. 
  • Најпрво врз блитвата се ставаат карфилот и брокулата, се зачинуваат со сол, лимонов сок и масло. Многу е важно добро да бидат зачинети бидејќи ќе се готват на пареа. 
  • Врз зеленчукот ставете ја рибата, и неа добро зачинете ја. Завршете со парче путер – сакаме путерот да се стопи и да ја прелие рибата. 
  • Завиткајте ги рибата и зенечукот во пакетче од хартијата за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Времето на печење зависи од дебелината на рибата и од тоа колку крупно е насецкан зеленчукот.  
За повеќе детали погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu