Риба со благ компир и мандарина

Риба со благ компир и мандарина

Благ компир и мандарина зачинети со мајчина душица и сусам,  – да, ја обожавам оваа комбинација. Додадете парче риба и имате вкусен ручек или вечера. Битно е само да го насецкате благиот компир на ситни коцки, доволно ситни за да може да се зготват за 15 минути. Ова е навистина добар рецепт и се надевам дека ќе ви се допадне!

ЗА РЕЦЕПТОТ

 

Порции: 1 порција

Време за подготовка: 5 минути

Време за печење: 15 минути

СОСТОЈКИ

  • половина благ компир, исецкан на ситни коцки
  • половина филета од риба
  • една мандарина
  • прстофат од мајчина душица
  • прстофат сусам
  • сол по вкус
  • парче путер

INSTRUCTIONS

 

  • Врз еден лист на хартија за печење ставете ги коцките благ компир и добро зачинете ги со сол, мајчина душица, сусам и сок од мандарина. Внимавајте целото купче со состојки да не зафаќа поголем простор од една дланка. 
  • Врз зеленчукот ставете ја рибата, и неа добро зачинете ја. Завршете со парче путер и пола мандарина – сакаме путерот да се стопи и да ја прелие рибата. 
  • Завиткајте ги рибата и зенечукот во пакетче од хартијата за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Времето на печење зависи од дебелината на рибата и од тоа колку крупно е насецкан зеленчукот.  
За повеќе детали погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu