Рататуле

Рататуле

Не многу рецепти се толку вкусни и едноставни за подготовка како познатото рататуле. Се прави со мал број скромни состојки, многу едноставно се подготвува, а на крај резултатот е убав и вкусен вегетаријански ручек.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 10 порции

Време за подготовка: 20 минути

Време за печење: 50 минути

СОСТОЈКИ

  • 2 мали тиквички
  • 1 модар патлиџан
  • 3 домати свежи
  • ~ 2 лажици растително масло
  • сол и бибер по вкус
За сосот
  • 2 кромида
  • 2 моркови
  • 300 g. печурки
  • 1 конзерва со домати
  • 2 црвени пиперки 
  •  1 чешне лук
  • 1 лажичка сув босилек
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1 коцка бујон
  • ~2 лажици растително масло
  • 1 шоља вода

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Започнете најпрво со подготовка на сосот: запршете ги кромидот и морковите во малку растително масло.
  • Додадете ги печурките, промешајте, оставете да се соединат со кромидот и морковите потоа додадете ги доматите од конзерва/ може и свежи секако доколку имате при рака. 
  • Додадете ги зачините, водата и коцката бујон и оставете да крчка сосот околу 15 минути на тивок оган. 
  • Штом сосот е спремен, блендирајте го со рачен блендер се додека не ја добиете посакуваната густина и конзистенција. Мене ми е повкусно кога во сосот има и крупни и ситни делови.
  • Префрлете го сосот во тепсија за печење.
  • Исецкајте ги на одприлика пола сантиметар дебели кругови доматите, модриот патлиџан и тиквичките
  • Врз сосот наредете ги круговите зеленчук во круг или во ленти, како сакате, притоа наизменично редејќи од доматите, тиквичките и модриот патлиџан, се додека имате место во тепсијата и/или не ги потрошите сите исецкани кругови зеленчук.
  • Попрскајте со растително масло, сол, бибер, сув босилек, покријте ја тепсијата со алуминиумск ахартија и печете во загреана рерна на 180С, околу 45-50 минути.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu