Оваа торта е дефиниција за мека и сочна, не премногу блага, но вкусна торта. Потребни се само неколку состојки за да ја подготвите! Најдобар момент е кога ќе го заприте здивот за да ја превртите тавата и да откриете колку убава торта тукушто сте испекле!
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 10 порции
Време за подготовка: 20 минути
Време за печење: 45 минути
СОСТОЈКИ
За тортата:
- 180 g./1 1/2 шоља брашно
- 200 g./1 шоља шеќер
- 2 јајца
- 120 ml./1/2 шоља млеко
- 110g. путер (~8 лажици)
- 2 лажички пециво (1 кесичка)
- малку сол
За горниот дел од тортата:
- 50g. путер (~4 лажици)
- 100 g./1/2 шоља кафеав шеќер
- 2-3 круши (било која сорта)
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- Најпрво загрејте ја рерната на 180 C.
- За да ја подготвите смесата за тортата, пресеете го брашното, пецивото и солта и тргнете ги настрана.
- Но чист сад изматете ги белките и тргнете на страна.
- Во друг сад изматете ги путерот и шеќерот се додека не добиете блед пенаст крем, потоа додавајте ги шолчките, една по една.
- Штом жолчките се добро соединети со путерот и шеќерот, почнете да ги додавате малку по малку наизменично млекото и брашното. Матете непрекинато.
- Додадете ги во изматената смеса претходно подготвените белки, внимателно превиткувајќи ја смесата со шпатула.
- Во тава стопете го путерот и додадете го кафеавиот шеќер да се карамелизира.
- Штом се соединат путерот и шеќерот, почнете врз нив да редите тенки парчиња круша, во круг се додека не ја покриете целата површина.
- Префрлете ја изматената смеса во тавата врз крушите, внимателно да не ги размрдате.
- Печете 45 минути, а потоа уште додека топла, превртете ја тавата врз чинија за сервирање.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, проверете го видеото подолу.