Праски колачиња

Праски колачиња

За сите ние кои растевме во далечните осумдесетти години, овие праски колачиња се потсетување на среќните и безгрижни детски денови. Толку се убави и вкусни што носат радост на сечија трпеза. Потсетуваат на лето, но и во магливите зимски денови носат топлина и среќа!

ЗА РЕЦЕПТОТ

Парчиња: 35 колачиња

Време на подготовка: 10 минути

Време за печење: 10 минути

Време за отстојување: 30 минути

СОСТОЈКИ

за тестото:

  • 720 g/6 шољи сенаменско брашно
  • 240 ml/1 шоља сончогледово масло
  • 240 ml/1 шоља млеко
  • 200 g/1 шоља шеќер
  • 3 јајца
  • 2 лажици ванила
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички пециво

за филот:

  • трошки од печените колачиња
  • 50g. исецкано чоколадо
  • 240 ml/1 шоља млеко

за декорација:

  • 240 ml/1 шоља топла вода
  • прехрамбена боја, јас користев црвена и жолта
  • шеќер за прскање (околу 1/2 шоља)

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Најнапред измешајте ја солта и пецивото во брашното
  • Во сад за матење, изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете кремава и бледа смеса
  • Додадете ја ванилата и маслото во изматената смеса. Продолжете со матење додека сите состојки не се соединат.
  • Ставете ги додатоците на миксерот за тесто и матете на слаба брзина, додавајте по една лажица од брашното.
  • Штом ја додадете цела количина на брашно тестото ќе биде меко и лепливо.
  • Покријте го тестото и оставете да отстои во фрижидер околу 30 минити.
  • Штом отстои, загрејте ја рерната на 180С и почнете да правите мали топчиња од тестото со големина на орев.
  • Наредете ги топчињата на плеќ за печење обложен со хартија за печење. Излегуваат околу 70 топчиња за кои се потребни два плеха.
  • Печете ги колачињата околу 10 минути или се додека дното не почне да добива малку боја.
  • Штом барем малку оладат после печењето, внимателно издлабете дупка на дното, чувајќи ги трошките за во филот.
  • Трошките од колачињата измешајте ги со топло млеко и иситнато чоколадо. Тоа ќе ви биде фил.
  • Со мала лажичка или со вреќа со шприц ставете од вилот на едно од колачињата и поклопете со друго за да ја формирате формата на праска.
  • Штом се спремни колачињата, растворете прехрамбена боја во вода, потопете ги на кратко, посипете со шеќер и наредете ги колачињата на хартија за печење. Уживајте!

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu