Зошто некој би печел переци дома? Бидејќи овие переци во форма на топчиња се толку вкусни и меки, а и не е потребно премногу време з подготовка.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 12 топчиња
Време за подготовка: 20 минути
Време за печење: 12 минути
Време за стасување: 60 минути
СОСТОЈКИ
300 g. брашно
180 ml. вода
1 лажица шеќер
10 g. сув квасец
1 лажица сончогледово масло
1 лажичка сол
1 јајце за премачкување
крупна сол
2l. вода
50g. сода бикарбона
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Најпрво започнете со активирање на квасецот во топла вода и шеќер.
Додадете го квасецот заедно со солта и маслото во брашното и мешајте со миксер или рачно се додека состојките добро да се соединат и тестото да почне да се одлепува од страните на садот.
Намрсете го тестото, покријте и оставете да стаса околу еден час. За ова време ќе нарасне двојно.
Штом тестото стаса префрлете го на набрашнета површина и месете кратко додека не се лепи и може лесно да се работи со него. Поделете на мали топчиња. Оформете ги топчињата.
Загрејте ја водата, скоро до зовривање, додадете ја содата и едно по едно во течноста спуштете ги топчињата тесто да се готват кратко околу 30 секунди на едната и уште 30 секунди на другата страна. Гответе најмногу 3-4 топчиња во исто време.
Извадете ги топчињата и наредете во намрсен плех за печење, премачкајте со јајце, зарежете ги со нож и испрскајте со сол. Печете на 200С во загреана рерна околу 10-15 минути или додека не добијат убава боја.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.