Печени пирошки со печурки

Печени пирошки со печурки

Со овој едноставен рецепт спремањето вкусни пирошки со полнење од печурки ни е ни малку тешко. Потребни ви се грст намирници, малку време и многу љубов за испечете златни малки превкусни залачиња, токму онакви какви што сакате да им послужите на вашите најблиски.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 18 пирошки

Време на подготовка: 20 минути

Време за печење: 20 минути

СОСТОЈКИ

за тестото:

  • 180 g./1 1/2 шољи брашно
  • 90g./1/3 шоља путер
  • 1 јајце (одделена белка од жолчка)
  • 120 ml/1/4 шоља млеко

за полнењето:

  • 50 g./1/2 шоља кашкавал
  • 150 g/1 шоља печурки
  • 1 кромид
  • парче путер
  • сол и бибер

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Загрејте ја рерната на 200C.
  • Измешајте го брашното со путерот во процесор за храна, пулсирајќи неколку пати. 
  • Додадете ја белката и млекото и пулсирајте уште неколку пати додека тестото не наликува на влажни трошки.
  • Префрлете го тестото на набрашната површина и стеснете го во форма на тркалезен рамен диск.
  • Оставете да отстои настрана додека не го подготвите полнењето.
  • За да го направите полнењето, исецкајте ги печурките и кромидот и пропржете ги во тава со мало парче путер.
  • Зачинете по вкус.
  • Оставете да се зготват околу 15 минути.
  • Измешајте го ренданиот кашкавал во полнењето со печурки.
  • Исучете го тестото и исечете кружни форми.
  • Ставете по една лажица од полнењето во средина на кругот, оставете малку од тестото непокриено за да можете да го затворите. Затворањето на пирошките е лесно, само со малку вода и вилушка.
  • Премачкајте ги пирошките со преостанатата жолчка и печете околу 20 минути.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu