Со причина печените макарони се една од најомилените јадења насекаде низ светот. Овој рецепт е еден од оние кои моето семејство најмногу ги сака. Се надевам дека и вие ќе уживате.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 8 порции
Време за подготовка: 25 минути
Време за печење: 20 минути
СОСТОЈКИ
за сосот од домати:
1 кромид
1 1/2 шоља сок од домати (или пасата)
2 лажички суви зачини (босилек, оригано)
2 лажички црвена пипер
2 лажички сецкани маслинки
сол и бибер по вкус
за бешамел сосот
30g. путер
30g. брашно
2 шољи (~500ml.) млеко
1 лажичка тазе изрендано мускатно оревче
1/2 лажичка бибер
за печените макарони
400g. суви макарони
~50g. кашкавал
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Започнете со запржување на ситно исецканиот кромид.
Штом омекне, додадете го сокот од домати и зачините, потоа оставете да зоврие, и штом зоврие намалете ја температурата и оставете да крчка на тивко околу 10 минути.
За да го спремите бешамел сосот, едноставно стопете го путерот во мало тенџерче, додадете го брашното и мешајте додека добро не се соединат, потоа додадете го млекото и зачините и континуирано мешајте додека сосот не згусне и стане кремав.
Сварете ги макароните во солена врела вода согласно инструкциите на пакетчето.
Штом се зготвени, додадете го сосот од домати и измешајте убаво за сите макарони да се прекриени со сосот.
Во тава за печење ставете една третина од макароните, потоа премачкајте со бешамел сос и нарендајте кашкавал, потоа додадете ја втората третина макарони, па бешамел, па кашкавал и се така додека не ги искористите сите состојки.
Печете околу 20 минути на 180С во загреана рерна.
Штом се испече оставете малку да олади, околу 10 минути, а потоа уживајте!
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.