Вкусниот пиката сос е одличен начин за комбинација со мисиркин или пилешки стек како опција за брза вечера во работни денови. Како што е случај со бројни вкусни рецепти, и овој има мал број на состојки, совршена комбинација на вкусови кои се надополнуваат меѓусебно.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 2 порции
Време за подготовка: 10 минути
Време за готвење: 20 минути
СОСТОЈКИ
- 2 мисиркини стека (~100g. секој)
- неколку лажици брашно
- 1 лажица капари
- 1/2 шоља бујон или бело вино
- 1/3 шоња свежо исцеден лимонов сок
- парче путер
- грст сецкан магдонос
- еден лимон сецкан на парчиња
- сол и бибер по вкус
- печен зеленчук како гарнир (опционо)
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- Подготовката на овој вкусен оброк за помалку од половина час е едноставна. Започнете со валкање на стекот во брашното. Истресете го вишокот брашно.
- Во врела тава, на среден оган стопете го путерот и додате ги стековите.
- Гответе по околу пет минути од секоја страна (зависно колку е дебел стекот) се додека не забележите дека на средината имаат бела боја, а светло кафена однадвор.
- Извадете ги од тавата и во неа додадете ги капарите и бујонот. Гответе 5-7 минути додека сосот малку не се редуцира и згусни, потоа вратете го месото во тавата и додадете ги лимоновиот сок, парчињата лимон и магдоносот.
- Гответе уште некоја минута само додека соковите не се затоплат, а потоа послужете со топол ориз, пире од компири или печен зеленчук како гарнир.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.