Мафини со лимон и крем сирење

Мафини со лимон и крем сирење

Меки, крцкави, благи, овие мафини се совршен десерт за сите љубители на цитрусни десерти. Крем сирењето и лимоновиот сок одлично се надополнуваат… а ако не ми верувате, ви требаат само 30тина минути и неколку состојки за да проверите сами:)

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 12 мафини

Време за подготовка: 10 минути

Време за печење: 20 минути

СОСТОЈКИ

За мафините: 

  • 120 g./1 шоља брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици путер (околу 30g.)
  • 120g. крем сирење
  • 100 g./1/2 шоља шеќер
  • 1 големо јајце
  • 60 ml./1/4 шоља јогурт
  • 80 ml./1/3 шоља лимонов сок
  • 1 лажичка ванила

За крцкав топинг:

  • 90 g./3/4 шоља брашно
  • 30 g./2 лажици бел шеќер
  • 30 g./2 лажици кафеав шеќер
  • 50 g./3 лажици путер

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Загрејте ја рерната на 180 C. 
  • Измешајте ги брашното со солта и пецивото.
  • Во друг сад со миксер измешајте ги путерот, крем сирењето и шеќерот се додека добро не се соединат.
  • Додадете го јајцето, јогуртот и лимоновиот сок и измешајте додека добро не се соединат состојките. 
  • Додадете ја ванилата, а потоа и брашното, внимателно превиткувајќи ја смесата со шпатула.
  • За да го подготвите крцкавиот топинг, едноставно измешајте ги сите состојки.
  • Истурете ја смесата за мафини во тавче за мафини, претходно измрсено и обложено со хартиени чашки.
  • Врз секоја чашка, над смесата за мафини ставете по малку од крцкавиот топинг и печете околу 20 минути. За да бидете сигурни дека мафините се печени, прободете ги со дрвена чепкалка, ако излезе чиста, мафините се готови. 

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu