Убава и вкусна се двата збора кои најдобро ја опишуваат оваа плетена лисната пита со јаболка и суво грозје. Ова е рецепт кој со гордост ќе им го покажете на своите пријатели.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 12 порции
Време за подготовка: 10 минути
Време за печење: 30 минути
СОСТОЈКИ
1 блок лиснато тесто
2 јаболка
50 g./1/2 шоља кафеав шеќер
50 g./1/2 шоља суво грозје
1 лажичка цимет
1 лажичка мускатно оревче
1 лажица лимонов сок (~сок од пола лимон)
1 јајце за премачкување
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200C/400F
За да го подготвите филот едноставно исечете ги јаболката на мали залачиња, потоа измешајте ги со шеќерот, сувото грозје, циметот и мускатното оревче.
Поделете го блокот лиснато тесто на три еднакви дела. Исечете ги надворешните делови на тенки ленти (околу 2см широки)
Истурете го филот на средината и полека преплетувајте ги надворешните ленти врз филот.
Штом ќе ја формирате питата, премачкајте ја со изматено јајце и печете околу 30 минути.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт погледнете го видеото подолу.