Мек, сладок и преубав! Овој леб со цимет е еден од оние рецепти кои би сакале да ги имаме свежо печени во нашата кујна секој ден, кога само би било возможно. Не само што е превкусен за јадење, туку и целиот дом ќе ви мириса преубаво.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 12 порции
Време за подготовка: 10 минути
Време за стасување: 1 час и 20 минути
Време за печење: 30 минути
СОСТОЈКИ
За тестото:
- 420 g./ 3 1/2 шољи сенаменско брашно
- 75 g./ 1/3 шоља шеќер
- 80 ml./1/3 шоља топла вода
- 120 ml./1/2 шоља млеко
- ~50g./1/4 шоља стопен путер
- 1 јајце на собна температура
- 15 g./1 лажица шеќер
- 7 g. квасец / 1 кесичка
- 1 лажичка сол
За филот:
- 100 g./1/2 шоља кафеав шеќер
- 50 g./1/4 шоља бел шеќер
- 1 лажица цимет
- 100 g./1/2 шоља путер
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- Започнете со активирање на квасецот во топла вода и една лажица шеќер.
- Штом е спремен квасецот додадете го во голем сад заедно со млекото, путерот, јајцето, солта и шеќерот.
- Измешајте за да се соединат сите состојки, а потоа мешајќи со миксер додавате го брашното на три дела. Штом додадете еден дел од брашното, мешајте додека не се соедини пред да додадете друг дел.
- Кога ќе го додадете целосно брашното мешајте со миксер уште 5-10 минути, односно додека не добиете меко и еластично тесто.
- Ставете го тестото во сад премачкан со масло, свртете го некоколку пати тестото за да биде и тоа премачкано од сите страни, а потоа покријте со пластична фолија и оставете да стаса на топло место околу еден час.
- Во меѓувреме подготовете го филот со едноставно мешање на сите состојки.
- Штом тестото е добро стасано, префрлете го на набрашнета површина.
- Истегнете го тестото во правоаголна форма. Може да користите сукало, но јас едноставно го истегнав со рака.
- Врз тестото измачкајте го филот од цимет и шеќер, оставајќи околу 2см на секоја страна ненамачкани.
- Почнете да го виткате тестото во форма на ролат. Штом добиете една долга форма, пресечете ја на половина со нож.
- Виткајте ги едната и другата половина од ролатот, поставувајќи ја пресечената страна нагоре. Штом дојдете до крајот, краевите на двете половини притиснете ги еден во друг и подвиткајте ги под оформениот леб.
- Префрлете го лебот во калап за печење леб кој добро сте го намрсиле со путер. Оставете повторно да стасува околу 20 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180С.
- Штом стаса, печете го лебот околу 30-тина минути.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.