Леб со лук и зачини

Леб со лук и зачини

Овој леб со лук и зачини е одличен начин да го направите вашиот обичен секојдневен леб, малку посебен. Потребно е малку време и внимание – но вреди!

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 10 порции

Време за подготовка: 10 минути

Време за стасување: 45 минути

Време за печење: 30 минути

СОСТОЈКИ

За тестото: 

  • 330ml. топло млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 14g. инстант сув квасец
  • 600g. сенаменско брашно
  • 2 лажица масло, сончогледово
  • 120ml./1/2 шоља топла вода
  • 1 свежо јајце и
  • лажичка сол

За премаз:

  • 90g. несолен путер
  • 3 чешниња лук
  • китка магдонос
  • 30g. рендан пармезан

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Започнете со активирање на квасецот во млекото и шеќерот.
  •  Штом е спремен, додадете го квасецот во брашното заедно со солта и маслото.
  • Почнете да мешате со прсти. Кога ќе ги додадете сите течни состојки, ако тестото е сеуште суво додадете ја водата.
  • Префрлете го тестото на набрашнета површина и месете некои 5-10 минути додека тестото не стане мазно и меко.
  • Покријте го тестото и оставете да стасува на топло место околу 45 минути.
  • Пресечете го тестото на три еднакви дела и исучете ги сите поединечно, одприлика да бидат големи колку тепсијата во која планирате да печете.
  • За да го подготвите премазот, едноставно измешајте ги состојките во сецко/блендер се додека сите не се добро иситнети и измешани.
  • Половина од премазот истурете на првата кора, премачкајте ја цела, освен одприлика 2-3 см. од работ на тестото.
  • Покријте со втората кора и на ист начин премачкајте ја и неа со остатокот од премазот оставајќи ненамачкано тесто по работ.
  • Покријте ја со третата кора. Најпрво означете а потоа исечете го тестото на 16 еднакви делови имајќи предвид дека секое парче е добро споено со центарот. Потоа завртете нанадвор две парчиња кои се наоѓаат едно покрај друго, спојте им ги краевите подвиткајте. Повторете со сите останати парчиња се додека не добиете леб со убава цветна форма.
  • Префрлете го лебот во намрсена тепсија, оставете да одмори уште 15 минути и премачкајте со изматено јајце.
  • Печете на 180С во загреана рерна одприлика некои 30 минути.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu