Крекери со сусам и чиа семе

Крекери со сусам и чиа семе

Крцкави, вкусни и здрави, крекери со сусам и чиа семе испечени дома, што може да биде подобро? Без вештачки додатоци, без тајни состојки, а сепак подобри од оние во супермаркет.

Звучи скоро невозможно? Не е! Ова е рецепт кој нема шанси да го утнете и мене ми е многу драго што го споделувам.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 15 порции

Време за подготовка: 10 минути

Време за печење: 15 минути

СОСТОЈКИ

  • 1/3 шоља чиа семе
  • 1/3 шоља сусам
  • 2 шољи брашно
  • 1/2 шоља рендан пармезан (ако не сакате да користите, не морате, едноставно изоставете го) 
  • 3/4 шољи топла вода
  • 3 лажици сончогледово масло или 30 грама маргарин
  • 1 белка за премачкување 
  • 1 лажичка пециво
  • 1 лажичка сол
  • сусам и ленено семе за дополнителен вкус

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Загрејте ја рерната на 200C.
  • За тестото, едноставно измешајте ги сите суви состојки во сад за мешање, додавајте по малку вода и мешајте со вилушка.
  • Додадете го маслото, една по една лажица, месејќи го тестото неколку минути, само додека состојките да се соединат и добите убаво тесто.
  • Исечете го тестото на два дела. Едниот исукајте го меѓу два листа хартија за печење, така нема да се лепи, а и полесно ќе го префрлите на тепсијата за печење. Исукајте најтенко што можете.
  • Исечете форми какви што сакате.
  • Премачкајте со белка и напрскајте со мешавина од ленено семе и сусам. Секако можете да користите само сусам или само лен, зависно што ви се наоѓа при рака.
  • Печете околу 15 минути додека не позлатат. Уживајте!

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu