Барате вегетаријанско јадење кое би го сакале сите? Имам токму таков рецепт. Печени канелони полнети со фил од печурки и модар патлиџан, прелиени со вкусен бешамел сос и вашиот омилен кашкавал, спремни за околу од еден час.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 6-8 порции
Време за подготовка: 10 минути
Време за готвење: 30 минути
Време за печење: 30 минути
СОСТОЈКИ
- ~400 g. канелони спремни за печење
- 1/2 шоља доматен сос
- ~50 g. кашкавал
за бешамел сос:
- 30 g. путер
- 30 g. брашно
- 240 ml./1 шоља млеко
- 1/2 лажичка мелено мускантно оревче
за сосот за полнење:
- ~400 g. печурки
- 1 среден модар патлиџан
- 1 кромит
- 1 морков
- 2-3 лажици растително масло
- 1 лименка домати (~400g.)
- 2 шољи вода
- 1 коцка бујон
- сол и бибер по вкус
- 1 лажичка рендан ѓумбир
- 1 лажица слатка црвена пипер
- грст магдонос
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- За да го подготвите вкусниот рецепт за канелони со печурки и модар патлиџан, започнете со подготовка на зеленчукот, ситно сецкање на кромид, морков, модар патлиџан, печурки и магдонос.
- Во заграена тава на среден оган, во малку растително масло, пропржете го кромидот додека омекне.
- Потоа додадете го морковот, гответе неколку минути пред да ги додадате печурките и модриот патлиџан, едно по друго.
- Штом сите зеленчуци омекнат, зачинете го сосот, додадете ја лименката со домати, водата и коцката бујон.
- Искршете ги доматите притискајќи ги со дрвена лажица за добро да се измешаат во полнењето.
- Додадете слатка црвена пипер и гответе на тивок оган околу 20 минути, се додека најголем дел од течноста не испари. Додадете го магдоносот непосредно пред да го тргнете полнењето од огин.
- Префрлете го полнењето во вреќичка за полесно полнење на канелоните.
- За да го подготвите бешамел сосот, почнете со топење на путерот. Штом се стопи, додадете го брашното и мешајте непрекинато се додека брашното не е добро измешано со путерот, потоа додадете го млекото малку по малку, повторно мешајќи непрекинато се додека сосот не е густ и кремав. Изрендајте малку мускантно оревче.
- Штом бешамелот ја постигне густината која ја сакате, што одприлика трае неколку минути, тргнете го од оган и почнете со полнење на канелоните.
- Во тепсија за печење, истурете малку од полнењето и доматен сос. Наполнете ги канелоните, наредете ти легнати во тепсијата, прелијте ги со бешамел и рендан кашкавал.
- Печете на 200С во загреана рерна околу 30 минути, се додека не добиеме убава златна боја. Уживајте!
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.