Има ли повкусен начин за почеток на денот од вкусни какао вафли со крем од портокали? Не ви пречи десерт за доручек? Овој рецепт е за вас!
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 4 порции
Време на подготовка: 10 минути
Време за печење: 10 минути
СОСТОЈКИ
За вафлите:
100 g. брашно
20 g. пченично брашно
50 g. шеќер
20 g. какао
1 лажичка пециво
30 ml. растително масло
180 ml. југурт
1 мало јајце
1 белка
За кремот од портокали:
50 g. шеќер
2 жолчки
Сок од еден портокал
малку путер
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
За да ја подготвите смесата за вафли измешајте ги сувите состојки во еден сад, а потоа додадете ги течните (јајце, јогурт, масло) и добро измешајте додека се соединат.
Смесата ќе биде цврста затоа внимателно превиткајте во неа една изматена белка за да ја омекните. Белката треба да биде добро изматена.
Штом смесата е спремна, испечете ги вашите вафли на апарат за вафли, одприлика една до две минути на секоја страна.
За да го направите кремот од портокали, ставете ги жолчките и шеќерот во мало тенџере и мешајте да се соединат.
Додадете го сокот од портокали и мешајте континуирано со дрвена лажица, околу 8 до 10 минути.
Тргнете го од оган и додадете малку путер.
За да биде погуст, оставете кремот малку да олади. Искрено јас никогаш немам трпение да чекам да олади:)
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.