Интегрални палачинки

Интегрални палачинки

Сите сакаме десерт за појадок, но и сите превртуваме очи на рецепти со 100% интегрално брашно и секако, сите сме среќни кога ќе налетаме на рецепт кој е и здрав и вкусен! Еве, овој е еден таков – интегрални палачинки од 100% интегрално брашно во комбинација со неколку карамелизирани јагоди! Читајте понатаму за да дознаете како се прават.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 6 палачинки

Време за подготовка: 5-10 минути

Време за готвење: 10 минути

СОСТОЈКИ

За смесата за палачинки 

  • 120г./1 шоља интегрално брашно
  • 250 ml./1 шоља млеко
  • 2 лажици растително масло+ уште малку за намрсување на тавата
  • 2 лажици свеж лимонов сок
  • 1 свежо јајце
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер

За комбинирање (1 порција):

  • грст свежи/смрзнати јагоди
  • 1 лажичка кафеав шеќер

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Подготовката на овие палачинки е многу лесна. На почеток измешајте ги сите суви состојки во еден поголем сад.
  • Измешајте ги течни состојки одделно. Битно е да се мешаат одделно бидејќи така измешани кога ќе се додадат врз сувите состојки нема да има потреба долго да се меша за добро да се соеднинат, а на тој начин ќе избегнеме палачинките да станат тешки и густи. 
  • Штом ги измешаме одделно, потоа ги додаваме течните врз сувите состојки и кратко мешаме. Во ред е ако има по некоја грутка, многу поважно е да не претераме со мешање.  
  • Во жешка тава, додадете малку масло и една црпалка од смесата за палачинки (мојата беше одприлика колку 1/3 шоља волумен). 
  • Печете ги палачинките неколку минути се додека не видиме мали меурчиња како излегуваат на површината.  Тогаш превртете и печете уште некоја минута на другата страна.
  • За да ги подготвите карамелизираните палачинки, едноставно насецкајте ги јагодите, загрејте ги на тавата, посипете со шеќер (кафеав или бел сеедно) и гответе неколку минути. Послужете заедно со спремните палачинки. Пријатен појадок.  

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu