Сакам леб и сум месела многу лебови во текот на годините, но кога станува збор за интегрален леб… секогаш се двоумев. За воља на вистината не е лесно да наидеме на интегрален леб кој воедно е вкусен – мислам на вистински интегрален леб, а не некој во кој интегрално брашно има двојно помалку од бело брашно.
Но сега, проблемот е решен – овој интегрален леб е направен од 100% интегрално брашно, плус семиња кои му даваат екстра вкус и нутритивност. Има пријатна текстура и вкус, а се подготвува за само еден час.