Не сите закуски се толку здрави и вкусни како овој хумус со печена тиква. Одличен избор за здрава ужина, лесно за подготовка, нема шанси да го утнете рецептот, а може да се користи на многу начини.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 10 порции
Време за подготовка: 3 минути
Време за печење: 30 минути
СОСТОЈКИ
околу 400g. свежа тиква
малку ким
малку семе од сенф
малку цимет
1 лажичка црвена пиперка
1 шоља варен наут
1 лажица тахини/паста од сусам
2 лажици лимонов сок (околу 1 лимон)
1 чешнелук
1 лажица маслиново масло
сол и бибер по вкус
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Подготовката на овој хумус е многу едноставна. Започнете со подготовка на тиквата, исечкајте ја на мали делчиња за побрзо да се испече, попрскајте со сите зачини (ким, семе од сенф, цимет и црвена пиперка) и печете ја околу половина час на 200С во загреана рерна.
Штом се испече изблендирајте една шоља од тиквата (одприлика половина од испеченото количество) со останатите состојки во процесор за храна.
За да ја добиете посакуваната конзистенција додавајте наут или вода. Послужете со останатата печена тиква. Уживајте!
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.