Галетa со печурки и праз

Галетa со печурки и праз

Оваа галета од праз и печурки е импресивна, но изненадувачки лесна за подготовка, рустична и вкусна. Со задоволство послужете ја секому. Богата, сочна, полна вкусови, оваа галета е одличен избор за луѓе кои се уште не научиле да го сакаат празот.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 1 галета – 2 порции

Време за подготовка: 20 минути

Време за печење: 30 минути

Време за ладење: 30 минути

СОСТОЈКИ

за тестото:

  • 300 g. сенаменско брашно
  • 150 g. путер, ладен
  • 100 g. многу ладна вода
  • 1 лажица сол
  • 1 јајце за премачкување

за полнење:

  • 2 големи праза (~250-300g.)
  • 1 сува пиперка, исецкана
  • 1/2 шоља исецкани печурки
  • парче путер
  • сол и бибер по вкус

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • За да го подготвите тестото ставете го брашното и путерот во процесор и пулсирајте неколку пати. Многу е важно да бидат и двата ладни. 
  • Додајте ја водата и пулсирајте уште неколку пати додека не добиете конзистенција на ронки со големина најмногу до зрно грашок. 
  • Истурете ја целата смеса врз пластична фолија и притискајте додека не формирате диск. Нема потреба да се меси, само да се притисне целата смеса во едно парче.
  • Завиткајте во фолија и оставете во фрижидер да се излади околу 30 минути. Ако имате време за подолго, подобро. Во овој момент можете тестото и да го замрзнете за некоја следна прилика.
  • За да го подготвите полнењето, исецкајте го празот и запржете на парче путер, потоа додадете ги останатаите состојки и гответе на тивок оган околу 10 минути.
  • Штом и тестото и филот се изладат, исучете кора од тестото – најлесно меѓу два листа хартија за печење, се додека не добиете округла форма, околу 20см широка.
  • На средината истурете го полнењето и завиткајте ги краевите за да ја задржат смесата во внатрешноста, формирајќи облик на чинија.
  • Премачкајте го тестото со јајце.
  • Печете околу 30 минути во загреана рерна на 200С. Послужете ја топла или ладна.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu