Фокача со рузмарин

Фокача со рузмарин

Еден од најлесните за подготовка и највкусните лебови на светот е познатата фокача. Ако го сакате мирисот на тазе печен леб во вашата кујна, со овој рецепт веќе немате изговор да не направите една фокача следниот викенд.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 12 порции

Време за подготовка: 15 минути

Време за стасување: 1 час и 30 минути

Време за печење: 20 минути

СОСТОЈКИ

  • 350 ml. млака вода
  • 1 лажица шеќер
  • 7g. квасец
  • 500 g. брашно, сенаменско 
  • 1 лажичка сол
  • маслиново масло
  • 1/4 шоља палента
  • неколку гранчиња рузмарин
  • неколку суви домати

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Започнете со активирање на квасецот во топла вода и шеќер. Битно е водата да биде топла, но не жешка..
  • Штом е активиран, истурете го квасецот во мешавина од брашно и сол.
  • Додадете неколку лажици маслиново масло и почнете да мешате со вилушка. 
  • Кога ќе стане претешко да мешате со вилушка, префрлете го тестото на набрашнета површина и месете околу десетина минути. На крај тестото ќе биде меко и еластично.
  • Префрлете го тестото во намрсен сад, покријте и оставете да стасува околу 45 минути на топло место.
  • во меѓувреме, расфрлајте малку полента на дното на тепсијата во која ќе ја печите фокачата за да не се залепува за дното. 
  • Штом тестото нарасне, префрлете го во тепсијата за печење и раширете го со прсти низ целата површина. 
  • Потурете со малку маслиново масло и направете дупки низ цела површина со вашите прсти. Покрај рузмарин ако сакате да ставите уште нешто врз вашата фокача, ставете ги вашите додатоци во дупките низ фокачата. Јас користев сушени домати и рузмарин. 
  • Покријте повторно и оставете да стаса уште 45 минути.
  • Печете ја во загреана рерна на 200С околу 20 минути, додека не добие златна боја.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu