Дрво торта

Дрво торта

Оваа убава дрво торта е олицетворение на божиќно расположение, зима и природа. Изгледа како уметничко дело, нешто што би можеле да го поставите на вашата божиќна трпеза, но пред се во прашање е превкусен чоколаден десерт. Се што ви треба е грст состојки.

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 15 порции

Време за подготовка: 20 минути

Време за печење: 15 минути

Време за ладење: 20 минути

СОСТОЈКИ

за тестото:

  • 4 јајца (белките и жолчките одделно)
  • 150g. шеќер (30 and 120 одделно)
  • 1 лажичка ванила
  • 120g. брашно

за филот:

  • 150g. чоколадо
  • 100ml. крем (многу топол)

за декорација:

  • 80g. чоколадо

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • Најпрво загрејте ја рерната на 180C.
  • За да го спремите тестото, изматете ги белките со 30г. шеќер, се додека не се формираат цврсти врвови.
  • Во друг чист сад изматете ги жолчките со останатиот шеќер се додека не стане блед и кремаст. Додадете ја ванилата.
  • Во мешавината од жолчки и шеќер најпрво додадете половина од брашното, превиткувајќи го внимателно се додека состојките не се соединат, потоа додадете внимателно дел од избиените белки, потоа остатокот од брашното и на крај остатокот од белките.
  • Штом сите состојки се соединат, истурете ја смесата на плех за печење обложен со хартија за печење и попрскан со шеќер во прав. Израмнете убаво.
  • Печете околу 15 минути, додека не забележите убава златна боја или да проверите со чепкалка дали тестото е печено.
  • Штом се испече тестото, веднаш превртете го на платнена кујнска крпа целата испрскана со шеќер во прав.
  • Завиткајте го тестото во форма на ролат додека е сеуште топло. Оставете да остине.
  • Во меѓувреме можете да го подготвите филот, едноставно растопувајќи го чоколадото со топлината од топлиот крем се додека не добиете смеса која лесно се мачка.
  • За да ги подготвите декоративните парчиња, стопете го чоколадото и излијте го на хартија за печење внимавајќи да имате секаде иста дебелина на слојот. Завиткајте ја хартијата за печење во ролна и ставете во фрижидер за да се стегне околу 20 минути.
  • Штом се излади едноставно отворете ја хартијата и ќе добиете долги тенки парчиња чоколадо.
  • Кога ќе биде оладено тестото, одвикајте го, премачкајте со дел од филот и завиткате повторно. 
  • За да ја формирате формата на дрво торта, најпрво отстранете ги краевите на ролатот, потоа исечете накосо една третина од ролатот и свртете ја за да личи на дрво како на сликата.
  • Со останатиот дел од премачкајте ја надворешноста на тортата. Прекријте ја цела површина со декоративните парчиња чоколадо.
  • Испрскајте со шеќер во прав.

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу. 

Напишете коментар

Close Menu