Овие колачиња се толку лесни и вкусни, цврсти однадвор, а меки одвнатре. Јас ги викам уживање во секојдневието, бидејќи можат секој обичен ден да го направат малку поубав!
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 30-35 колачиња
Време за подготовка: 10 минути
Време за ладење: 45 минути
Време за печење: 15 минути
СОСТОЈКИ
- 360 g./3 шољи сенаменско брашно
- 30 g./1/4 шоља какао
- 200 g. чоколадо
- 90 g. путер
- 3 јајца (на собна температура)
- 50 g./1/2 шоља шеќер во прав, плус 100 g. за однадвор
- 1 лажичка ванила
- 1 лажичка пециво
- малку сол
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- Пресејте го брашното, какаото, пецивото и солта во еден сад.
- Во друг сад поставен врз тенџере со топла вода, растопете ги чоколадото и путерот, мешајќи често
- Тргнете го садот од оган и додадете ванила и шеќер. Мешајте за да се растопат.
- Додадете ги јајцата едно по едно, матејќи со миксер после секое јајце.
- Внимателно со шпатула додавајте ја мешавината со брашното, додека не се соединат.
- Покријте и оставете да се олади смесата во фрижидер околу 45 минути.
- Загрејте ја рерната на 160С. Намрсете два големи плеха за печење. Со мала лажичка земете дел од изладената смеса, тркалајте ја низ дланките за да формирате топче, а потоа топчето прпелкајте го во шеќерот во прав, додека не биде добро прекриено со шеќер од сите страни.
- Наредете ги така подготвените топчиња на плехот, на растојание околу 5см едно од друго.
- Печете околу 15 минути или додека не почувствувате дека површината на колачињата станала малку тврда на допир.
- Оставете да се изладат неколку минути.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.