Чоколадото и цвеклото едноставно се комбинација која функционира изненадувачки добро. Добиваме торта која е лесна, сочна и навистина вкусна. Како десерт без глутен, таа е прекрасно откритие во светот на тортите и слатките.
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 16 порции
Време на подготовка: 15 минути
Време на печење: 45 минути
СОСТОЈКИ
За тортата:
- 200 g. чоколадо
- 250 g. свежо рендано цвекло
- 3 големи јајца
- 100 g. мелени бадеми
- 120 g. шечер во прав
- 1 лажичка пециво
- 1 лажица какао
За декорација:
- 200 ml. крем
- 200 g. чоколадо
- парче путер
- 1 лажичка ванилин шеќер
- неколку искршени бадеми
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
- Загрејте ја рерната на 180 C/365F
- Стопете го чоколадото и додадете го цвеклото во него.
- Мешајте кратко и додадете ги жолчките и останатите суви состојки во смесата (бадеми, шеќер, пециво, какао)
- Измешајте додека сите состојки не се соединат.
- Во рист сад, изматете ги белките додека не добиете цврсти врвови.
- Внимателно со шпатула додадете ги белките во смесата од останатите состојки.
- За да ја подготвите тепсијата за печење, намрсете ја, посипете брашно и прекријте со хартија за печење. На тој начин многу лесно ќе можете да ја одлепите тортата од дното.
- Претурете ја смесата во подготвена тепсија. Мојата е со големина од 22см.
- Печете околу 45 минути.
- Во меѓувреме подгответе го преливот мешајќи крем и чоколадо во сад на пареа, додека чоколадото не се растопи.
- Потоа тргнете го садот од пареа и оставете го настрана, мешајќи од време на време.
- Додадете го путерот и ванилата.
- Штом се испече, оставете ја тортата да олади малку, потурете ја со преливот и размачкајте го низ целата торта.
- Декорирајте со бадеми.
- Оставете тортата малку да олади пред да ја пресечите и послужите. Може да се служи и топла и ладна.
За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.