Со многу радост го споделувам овој рецепт со сите вас – превкусни чашки од палачинки, достојки за било која комбинација на ваши омилени додатоци!
ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 12 чашки од палачинки
Време за подготовка: 2 минути
Време за печење: 15 минути
СОСТОЈКИ
- 60 g./1/2 шоља сенаменско брашно
- 120 ml./1/2 шоља млеко
- 3 големи јајца
- 1 лажица ванилин шеќер
- парче путер
INSTRUCTIONS
- Започнете со загревање на рерната на 180C/350F
- Намачкајте го со путер вашето тавче за мафини за чашките лесно да се вадат. Оставете го настрана.
- Во блендер ставете ги млекото, брашното, јајцата и шеќерот и пулсирајте неколку пати додека не се изедначат. Можете и да ги измешате во сад со вилушка доколку немате блендер. Во секој случај ви се потребни само неколку минути.
- Поделете ја смесата во 12 чашки и печете околу 15 минути.
- Штом се испечат наполнете ги со вашите омилени додатоци. Јас ја сакам класичната комбинација на чоколаден крем, лешници и банана.
За повеќе детали околу тоа како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.