Домашни њоки со тиквица и нане

Домашни њоки со тиквица и нане

Лесни, меки и едноставно вкусни, овие домашни њоки со тиквица и нане ќе ве насмевнат и ќе направат да уживате во секоја секунда од оброкот. Сериозно, овие њоки се толку добри што ќе треба да внимавате на порцијата, затоа направете си услуга замрзнете дел од подготвените њоки за следна прилика. и

ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 3 порции

Време за подготовка: 10 минути

Време за готвење: ~35 минути

СОСТОЈКИ

за њоките (3 порции):

  • ~400g. компири
  • 1 жолчка
  • 50g. брашно, плус уште малку за набрашнување на површината
  • сол и бибер по вкус

 

за сосот:

  • 3 тиквици средна големина
  • неколку гранчиња нане
  • кора од лимон
  • парче путер
  • 2 лажици растително масло
  • ~20g. пармезан

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • За да ги спремите њоките, едноставно сварете ги компирите (варењето започнете го во ладна вода, штом зоврие водата варете ги компирите околу 20 минути зависно од големината на компирите).
  • Штом се сварени, исцедете ја водата и ставете во сад да се ладат.
  • Кога компирите доволно ќе оладат за да можете да работите со нив, излупете ги и добро згмечете.
  • Додадете ги зачините, јајцето и брашното и со вилушка измешајте ги добро. Потоа префрлете ја смесата на чиста површина и стиснете ја во топка. 
  • Поделете ја топката на пет парчиња и секое од нив истегнете го во форма на колбас. Исечете мали форми на њоки, не поголеми од 2см. Во овој момент можете њоките да ги зготвите или замрзнете. 
  • За да ги зготвите едноставно ставете ги во зовриена солена вода и за неколку минути ќе испливаат на површината. Тогаш се готови.
  • За да го приготвите сосот исечете ги тиквиците на тенки ленти и запржете ги во тава со малку масло или путер. Зачинете и гответе ги тивиците 3-4 минути, потоа додадете ги готовите њоки, лимоновата кора и исецканото нане. 
  • Гответе на среден оган уште 10 минути додека и тиквиците и њоките не добијат малку боја.
  • Послужете со рендан пармезан и малку лимонов сок. Уживајте!

За повеќе детали како да го подготвите овој рецепт, погледнете го видеото подолу.

Напишете коментар

Close Menu